Поврзете се со нас

Италија

Мота за споредбите со Алегри: Главен фокус ми се две работи

Објавено

на

Foto:x.com/juventusfcen

Тиаго Мота влеа голем ентузијазам кај фановите на Јувентус со добриот старт на сезоната, но како што одминува времето, така неговиот тим се почесто игра доста бледо и најчесто ги завршува натпреварите без победник.

Тимот од Торино се очекуваше да игра далеку поатрактивен фудбал во споредба со оној кој го негуваше Макс Алегри, но експертите и фановите на Јувентус веќе препознаваат моменти од она што го искусија во претходните сезони, па почнаа да го споредуваат Мота со Масимилијано.

Деветте реми средби на 15 одиграни натпревари во Серија А дефинитивно не се одлика на тим кој негува напаѓачки фудбал, па така Мота брзо се најде во ситуација да ја брани својата филозофија.

– Воошто не сум загрижен од споредбите со Алегри. Јас ги прифаќам сите искрени заклучоци, но нема да навлегувам во вашите приказни.

– Јас сум фокусиран само на мојата работа. Фокусиран сум да го подобрам тимот и да им помогнам на моите играчи. Останатото што доаѓа отстрана воопшто не ме интересира, – потенцира Мота.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни