Поврзете се со нас

Италија

Мота за критикуваната ѕвезда на Јувентус: Пишувавте и зборувавте за тоа…

Објавено

на

Foto:x.com/juventusfc

Јувентус утре е домаќин на ПСВ во првиот натпревар од плејоф фазата за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Ова е дуел на два тима кои веќе еднаш се соочија во текот на сезонава, победи калчолигашот со 3-1 и со еден таков резултат сигурно би бил задоволен составот од Торино пред реваншот во Ајндховен.

Тренерот Тиаго Мота освен за самиот натпревар имаше можност да говори и да други теми како за критиките за летното засилување Теун Копмајнерс. Многу повеќе се очекуваше од Холанѓанецот кој има само 2 гола и 3 асистенции во досегашниот тек на сезонава, но Мота без разлика на тоа е задоволен од тоа Копмајнерс го има покажано.

-Ништо негативно за него. Пишувавте и зборувавте за тоа, но тоа е нормално. Отсекогаш сум го гледал како добро работи. Јас сум многу среќен со него од првиот ден. Секогаш тренира со полн интензитет. Тој играше различни улоги, играше добро и продолжува да расте. Јас сум многу задоволен и убеден дека секој може да даде повеќе, но задоволен сум од досегашната работа на Коп, -рече Мота кој не сакаше да откри дали некогашниот играч на Аталанта ќе се најде во почетната постава за утрешниот натпревар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни