Италија
Мота за играчот кој ја започна контрата на Лече: Головите обично паѓаат по серија мали грешки (Видео)
Јувентус имаше три бода „во џеб“ и требаше да ги доработи последните минути на „Виа дел Маре“, но во самата завршницата од судиското продолжение, Камбијазо направи непотребен продор на средината на теренот и иницираше контра која заврши со гол во мрежата на фаворитот.
Дефанзивецот на Јувентус се обиде да мине низ неколку играчи на домашниот тим, па така остави голем простор за против напад и шанса за Лече да дојде до големо израмнување.
Балканската двојка Крстовиќ-Ребиќ сурово го казни невниманието на фудбалерот на Јувентус, а иако Тиаго Мота не сакаше да го издвои како виновник, нагласи дека сите во тимот треба да научат од вакви грешки.
– Во второто полувреме како да останавме без пареа, а во такви ситуации, постои шанса да примите гол. Игравме добро прво полувреме, потоа поведовме, а на крајот дозволивме да примиме гол. Мора да продолжиме да работиме, мора да учиме од вакви грешки и да се подготвиме за следниот предизвик.
– Андреа Камбијазо реши да оди напред, а головите обично паѓаат после серија на такви грешки. Како што кажав, му дозволивме на Лече да остане во мечот и да биде поактивен, но дефинитивно можевме да спречиме нивно израмнување. Мора да се подобриме како колектив, мора да научиме од вакви работи и да останеме позитивни и покрај исходот. Мора да се вратиме на работа и да се подготвиме ментално и физички за следниот меч, – изјави Мота, алудирајќи на пресметката со неговиот поранешен клуб Болоња.
Видеото погледнете го ТУКА
-
Светски првенства16 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија22 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија16 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства17 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија21 час
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Германија21 час
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија21 час
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет22 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот