Поврзете се со нас

Италија

Мота за големото летно засилување кое доби свирежи во Торино: Секогаш сум на негова страна

Објавено

на

Foto:x.com/juventusfc

Јувентус со доста мака го скрши отпорот на Верона, но тимот од Торино успеа да го пронајде патот до победата и стигна до петти триумф во Серија А.

Оваа победничка низа направи „старата дама“ да дојде на само минус шест бода од лидерот Интер и дел од медиумите почнуваат да го вбројуваат и како кандидат за титулата, нешто за што ќе се добие одговор на следниот меч против Аталанта.

Ако се исклучат болните елиминации во Лигата на шампионите и Копа Италија, Тиаго Мота може да биде задоволен од формата на тимот во домашното првенство, а добра вест за него беше и тоа што Теун Компајнерс вчера се запиша во листата на стрелците и ги постави конечните 2:0.

Холанѓанецот беше исвиркан од дел од навивачите на Јувентус кога влегуваше во игра, па иако има проблеми во премиерната сезона како член на италијанскиот великан, Тиаго Мота вели дека слепо му верува на офанзивниот фудбалер кој може да одговори на повеќе позиции.

– Тој е важен играч за нас, играч кој може да направи разлика на повеќе позиции. Има физички предиспозиции, извонредна техника и знае да ја интерпретира играта. Понекогаш го користиме подефанзивно, сега игра повисоко во формацијата со повеќе слобода да игра надворешно, но и внатрешно. Знае кога треба да ја промени позицијата за да му предизвика проблем на противникот.

– Теун е дарежлив играч и секогаш работи за своите соиграчи. Вистинско богатство и привилегија е што го имаме во нашиот тим. Овој гол ќе биде важен за него, но и да не го направеше тоа, јас ќе бев на негова страна. Секогаш го бранам бидејќи знам што гледам на тренинзите. Знам што може да му даде на тимот и среќни сме што го имаме, – изјави Мота.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни