Италија
Мота се уште не може да ја преболи елиминацијата од Купот: Големо разочарување…

Јувентус утре го очекува меч со Верона во Серија А, меч на кој се освен три бода ќе биде ново големо разочарување по она во Купот каде великанот беше елиминиран од Емполи.
Тренерот Тијаго Мота се надева дека неговите момци соодветно ќе одговорат и ќе се прикажат во најдобаро светло покажувајќи дека изданието против Емполи било само лош ден.
-Секогаш излегуваме на теренот за да победиме, уште повеќе во моментов и ќе продолжиме да го даваме максимумот на теренот на секој натпревар. Остануваат уште 12 натпревари, секогаш се трудиме да дадеме се од себе и да го постигнеме резултатот, освен на последниот натпревар во Купот на Италија.
-Нашата амбиција е секој пат да додаваме три бода за да дојдеме до нашата цел, со посветеност, пожртвуваност, одлучност и амбиција. Мораме да ја вложиме целата наша енергија за да одиграме добра, техничка, физичка игра полна со карактер, -истакна Мота кој се наврати на мечот со Емполи.
-Постои големо разочарување од сите страни. Бев лут по натпреварот бидејќи многу ги сакам моите играчи и ги познавам многу добро, но направивме грешки каде што не можевме да си дозволиме да погрешиме. 39 натпревари досега, направивме грешки таму каде што не треба да грешиме. Ги гледам (играчите) секој ден, не го направивме тоа на последниот натпревар. Не презедовме одговорност на теренот, се ставивме во многу проблеми. Разговаравме, секогаш разговараме на позитивен начин, така што тоа е конструктивна работа, -заврши предводникот на „бјанконерите“.
-
Репрезентација24 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства24 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Светски првенства12 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
АТП15 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…