Италија
Мота сака искуство и брзина: Јувентус отворил преговори со докажано крило на Челси
Тиаго Мота има целосно поинакви замисли за новиот Јувентус и пред да потпише договор побара поголема промена во првиот тим, која според него најмногу треба да се почувствува на крилните позиции.
Новиот тренер на Јуве побара две нови крилни засилувања при пристигнувањето и веднаш стави до знаење дека не смета на Федерико Киеза, па потерата по новите играчи на оваа позиција сега ги одвело Италијанците и до Лондон.
Како што јавуваат медиумите од Апенините, Јувентус сега сериозно ја разгледува опцијата да ангажира едно докажано и искусно крило, односно поранешниот репрезентативец Рахим Стерлинг.
Јувентус во наредниот период се очекува да ги комплетира трансферите на Теун Копмајнерс од Аталанта и Нико Гонзалес од Фиорентина, но сега на менито на „бјанконерите“ се наоѓа и Стерлинг.
Рахим има 29 години и се наоѓа во фаза од кариерата кога може за последен пат да искуси голем интернационален предизвик, па останува да се види дали прикажаниот интерес од Јувентус ќе остане сериозен до моментот кога ќе дојде до преговори меѓу двата клуба.
-
Италијапред 18 часа
Матераци го „пецна“ Ибрахимовиќ: Се надевам дека Милан нема да го врати Малдини
-
Формула 1пред 16 часа
Хамилтон му се спротивстави на првиот човек на ФИА, Ферстапен повикан од стјуардите
-
Германијапред 17 часа
Милер тресна на земја на бизарен начин, соиграчите паѓаа од смеење (Видео)
-
Италијапред 21 час
Ултрасите на Рома ќе го бојкотираат дебито на Јуриќ
-
Шпанијапред 21 час
Гути со свој фаворит за „Златната топка“: Еден фудбалер се истакна на ниво на цела сезона
-
Англијапред 20 часа
Шпански фудбалер веќе зажалил што го одбил Ливерпул
-
Шпанијапред 17 часа
Реал Мадрид го следи новото „златно момче“ на Валенсија
-
Шпанијапред 11 часа
Гундоган за Чави: Луѓето велат дека не освоивме ништо, но………