Италија
Мота резигниран: Го допревме дното, очигледно не сум ги научил играчите што значи да се носи дресот на Јуве!

Јувентус доживеа срамна елиминација од Емполи на домашен терен во четвртфиналето на Копа Италија, неуспех со кој само се продолжи агонијата на тимот од Торино на турнирските натпреварувања.
По елиминациите во Суперкупот и Лигата на шампионите, Јувентус остана без шанса да се бори за титулата која беше единствена за која реално може да се бори, но начинот на кој испадна од тим како Емполи го натера Тиаго Мота да испорача низа брутални заклучоци, барајќи ја вината пред се кај себе, но и кај играчите.
– Засрамени сме после ваква елиминација, искрено јас сум засрамен од тоа што го гледав од мојот тим, се надевам дека истото важи и за моите играчи. Не можеме да бидеме толку лоши како што бевме во првиот дел. Ова е засрамувачки за нас, а очигледно е дека јас сум прв виновник. Очигледно не сум ги научил играчите што значи да се носи дресот на Јуве.
– Нема да играме полуфинале бидејќи не заслуживме да се најдеме таму. Се надевам дека после ова критиките ќе бидат многу силни и остри, дури ќе кажам дека фановите беа доста љубезни кон нас после катастрофалното прво полувреме. Јас преземам голем дел од одговорноста, очигледно е дека не сум ги научил што значи да се носи дресот на Јувентус.
– Игравме против тим на Емполи во кој немаше многу стартери, но не можете да победите против било кој тим ако не дадете максимум. Денеска ја вративме топката кон нашиот голман најмалку 20 пати и тоа е неприфатливо. Можеме само да им се извиниме на навивачите, да му се извиниме на клубот, бидејќи овојпат навистина го допревме дното, – изјави Мота по елиминацијата на пенали.
-
Лига на шампиони13 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет24 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Свет12 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Италија9 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија23 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија23 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот
-
Шпанија10 часа
Ривалдо за ѕвезда на Атлетико: Тој би бил идеално засилување за Барселона