Италија
Мота потврдил дека Јувентус загуби уште еден важен играч за дербито со Милан
Јувентус им се враќа на клупските обврски со тешко гостување кај Милан, а тренерот Тиаго Мота мораше да се соочи со неколку непријатни информации за време на паузата за настап на националните тимови.
Најпрвин Хуан Кабал заработи тешка повреда на лигаментите и ја заврши сезоната уште во ноември, за потоа проблем да пријави и Душан Влаховиќ и тоа во финишот на дуелот меѓу Србија и Данска во Лигата на нации.
На денешната прес-конференција, Мота потврдил дека повредата на Кабал е големо разочарување, а исто така и дека Влаховиќ ќе го пропушти дербито на „Сан Сиро“.
– Влаховиќ нема да патува во Милано, исто како и Кабал, Бремер, Гонзалес, Даглас Луиз, Аџиќ и Милик кои се повредени.
– Не знам дали Душан ќе биде подготвен за дуелот со Астон Вила, тоа ќе го дознаеме подоцна.
– За жал повредите се дел од фудбалот, сега дојде редот на Влаховиќ. Но, она што е најважно е дека кој и да игра, мора да го задржиме принципот да напаѓаме и да се браниме заедно. Не смееме да му дозволиме на Милан да ја наметне својата игра, бидејќи има многу талентирани фудбалери во своите редови, – рекол Мота.
-
Англија17 часа
Кин запрепастен од еден играч на Јунајтед: Неговото ниво на фудбал е шокантно!
-
Шпанија17 часа
Мбапе презема одговорност и им се обрати на навивачите на Реал по новиот промашен пенал (Фото)
-
Шпанија15 часа
Анчелоти за играчот кој направи голема грешка при голот кој донесе пораз за Реал: Тој е недопирлив
-
Свет4 часа
Реал во група со тимот на Нејмар и Митровиќ, Интер Мајами ќе игра на отварањето на Светското клупско првенство (ФОТО)
-
Англија14 часа
Мареска откри дека казнил еден стартер на Челси поради недоволно залагање на тренинзите
-
Англија14 часа
Аморим: Постоеше само една разлика меѓу Арсенал и Јунајтед
-
Англија16 часа
Гвардиола го испофали Де Брујне, но соопшти уште една ужасна вест за повреда на важен стартер
-
Англија12 часа
Салах изби на првото место на една уникатна листа: Мо ги остави Руни и Анри зад себе со новиот рекорд (Фото)