Италија
Мота потврди враќање на клучен играч за дербито со Интер: Утрешниот меч е најважен во сезоната

Спектакуларното дерби меѓу Интер и Јувентус од првиот дел од сезоната се уште е во свежо сеќавање на италијанските фудбалски фанови, пред се поради фактот што големата италијанска пресметка заврши со резултат 4:4.
Целосниот спектакл на „Џузепе Меаца“ беше фудбалски празник за фудбалските фанови, па во исчекување на утрешното дерби кое сега се игра во Торино, јавноста очекува и посакува уште една возбудлива пресметка.
Тиаго Мота го означи утрешниот меч како најважен за Јувентус оваа сезона, но исто така откри дека во тимот му се враќа важен член, дефанзивецот Камбијасо.
– Тимот е во добра кондиција и се врати на победнички пат. Гледам дека играчите се во добра форма и очекувам максимум од сите. Утре ќе ги немаме Калулу, Бремер, Милик и Кабал, но затоа ни се враќа Камбијасо. Исто така без проблеми е и Кели, тој ќе може да игра, – изјави Мота и додаде.
– Најважна работа е секој следен меч, но утрешниот меч е посебно важен. Според мене, ова можеби е најважен натпревар за нас оваа сезона, мора да покажеме дека сме зрел тим во текот на сите 90 минути, – изјави Мота.
-
Англија21 час
„ОПТА“ открива: Кој фудбалери оди, а кој трча најмногу во Премиер лигата
-
Репрезентација17 часа
Македонија супериорна во Вадуц: „Тројка“ за идеален почеток на квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Репрезентација20 часа
Милевски ја одреди почетната постава: Почнуваме со двајца напаѓачи против Лихтенштајн
-
Лига на шампиони16 часа
Алварез за спорниот пенал против Реал: Ја гледав снимката илјада пати…(ВИДЕО)
-
Шпанија17 часа
Рафиња: Размислував да си заминам од Барселона, Флик…
-
Свет23 часа
Мајсторија на Алмада за голема победа на Аргентина во Монтевидео (Видео)
-
Репрезентација18 часа
Атрактивен гол на Муслиу, Македонија има сигурна предност во Вадуц (ВИДЕО)
-
Репрезентација17 часа
Целиот приход од дуелот Македонија-Велс ќе биде наменет за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани