Поврзете се со нас

Италија

Мота потврди три освежувања во составот за дуелот со Болоња

Објавено

на

Фото:twitter.com/juventusfc

Јувентус не постигнува премногу убедливи резултати под водство на новиот тренер Тиаго Мота, а повредите се дел од причините што „бјанконерите“ досега загубија многу бодови, вклучувајќи ги и тие на последното гостување кај Лече.

Следен противник на торинскиот клуб ќе биде секогаш незгодната Болоња и екипата во која Мота работеше успешно до минатата сезона, а сега ќе се обиде да му ја искомплицира работата на својот поранешен тренер.

Она што може да се толкува како позитивна вест за Мота е информацијата дека во составот ќе се вратат тројца фудбалери, од кои двајца може да бидат и првотимци против Болоња.

Во нападот ќе настапи Душан Влаховиќ кој паузираше уште од настапот за репрезентацијата на Србија, а во тимот се враќа и десниот бек Николо Савона. Процесот на рехабилитација завршил и за Василије Аџиќ, но црногорскиот интернационалец и досега не добиваше многу шанса и често беше надвор од комбинација.

Нико Гонзалес, Даглас Луиз, Вестон МекКени и Аркадиуш Милик не се подготвени да му се стават на располагање на Мота, а подолго ќе паузираат Кабал и Бремер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни