Поврзете се со нас

Италија

Мота по историскиот потоп од Аталанта: Ова не беше наш најлош пораз

Објавено

на

foto: x.com/SerieA

Тиаго Мота влезе во негативните читанки во историјата на Јувентус со поразот кој го претрпе неговиот тим од Аталанта, бидејќи „старата дама“ за првпат прими четири гола на домашен терен во италијанското првенство по пауза од 58 години.

Поразот од 0:4 значително ги стресе навивачите во Торино кои почнаа да го напуштаат стадионот уште половина час пред крајот на мечот, па иако станува збор за убедливо најтешкиот пораз за Мота како тренер на Јувентус, тој тврди дека оној од Емполи бил поболен од емотивна гледна точка.

– Ова е пораз кој секако не го посакувавме, но не би го ставил на исто ниво со оној од Емполи. Денеска започавне добро, па станавме исклучително неизбалансиран тим по досудениот спорен пенал. Натпреварот се промени по досудениот пенал.

– Требаше да одржиме баланс после тоа, но не успеавме. Сето тоа се должи и на големото неискуство кое преовладува во нашиот тим.

– Ние сме млад тим, пеналот влијаеше многу негативно врз нас и не успеавме да се вратиме. Сакавме да одговориме со офанзива, а така оставивме многу простор на нашата половина. После ваков пораз сите сме разочарани, но барем сега веќе нема да се зборува за Скудето приказната во која не вовлековте вие новинарите, – изјави Мота.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни