Поврзете се со нас

Италија

Мота образложи зошто го извади Јилдиз уште на полувреме

Објавено

на

Foto:x.com/juventusfc

Тиаго Мота продолжува да прави доста ротации и претумбации во својот Јувентус, па така вчера очигледно остана незадоволен од изданието на еден од најголемите потенцијали во тимот, Кенан Јилдиз.

Тренерот на Јуве го повлече Турчинот од игра уште на полувреме и на негово го стави Мбангула, фудбалер кој во продолжение се покажа како херој поради победничкиот гол за 2:1.

По триумфот над ПСВ, Мота беше запрашан дали го извадил Кенан поради некој физички проблем, по што тренерот категорично порача дека станувало збор за исклучиво техничка одлука.

– Не, Кенан немаше никаков проблем. Стануваше збор за техничка одлука, тоа беше мој избор…..

– Мбангула постигна победнички гол, а по мечот изјави дека не е задоволен од своите перформанси. Тоа значи дека има големи амбиции, иако имаше проблеми и грешки со контрола на топката. Кај него ме воодушевува тоа што никогаш не се откажува. Без оглед на тоа што греши, тој секогаш прави притисок врз противниците, спремен е за контра, а постигнува и голови. Потребни ни се играчи како него, секогаш работи напорно и има одличен однос, – изјави Мота.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни