Поврзете се со нас

Италија

Мота не го повика Киеза за соочувањето со Брест, репрезентативецот прецртан од Јувентус

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Јувентус прави одредени сериозни промени во составот под водство на новиот тренер Тиаго Мота, а еден од најспецифичните потези е откажувањето од Федерико Киеза.

Италијанскиот репрезентативец не влегува во проектот на Мота и тоа му е веќе соопштено од клубот, па Јувентус по секоја цена сака да го продаде Киеза во овој преоден рок.

Дополнителен доказ за ваквата намера е и фактот што Киеза не е повикан за настап на денешниот пријателски натпревар со Брест, на кој Мота вторпат ќе ја води новата екипа и ќе се обиде да го поправи впечатокот по поразот од Нирнберг со 3:0 во Германија.

Покрај Киеза, во составот кој ќе биде во комбинација ги нема и останатите играчи кои треба да си најдат нов клуб, вклучувајќи ги Шчесни, МекКени, Милик, Ругани, Џало, Костиќ и Де Шилјо.

Во составот на Јувентус се враќаат дел од играчите кои во тој период се уште беа на одмор, можност да дебитира ќе има и засилувањето Даглас Луиз, а минутажа може да очекува и Италијанецот со македонско потекло, Никола Секулов.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни