Поврзете се со нас

Италија

Мота на состанок со првиот човек на Јувентус: Ова е неприфатливо…

Објавено

на

Foto:x.com/juventusfcen

Јувентус доживеа елиминација од Купот на Италија и тоа откако се „лизна“ со Емполи на свој терен во Торино во мечот кој беше решен по изведување на удари од единаесет метри.

Ова е второ разочарување за „старата дама“ во краток период по она во Лигата на шампионите, па токму поради ова се зголемува притисокот и критиките врз тренерот Тијаго Мота.

Самиот Мота испрати директни пораки, критики за играчи, ама и презема дел од вината, меѓутоа без разлика на се тој останува безбеден на тренерската позиција.

-Ние сме на линија со она што го кажа тренерот. Настапот беше неприфатлив. Во тоа сме убедени и ние, тренерот и тимот. Утрово се сретнавме со претседателот Фереро со чист ум и разговаравме со тимот. Тие се првите што признаа дека мора да направат повеќе за да обезбедат место во Лигата на шампионите, -истакна спортскиот директор Кристијано Џунтоли.

-Ние веруваме во проектот што започна ова лето, кој создава вредност давајќи им можности на многу млади играчи и уверени сме дека ќе ни донесе големо задоволство во иднина. Мота не е предмет на дискусија. Вчерашниот натпревар беше речиси необјаснив бидејќи дојдовме од четири последователни победи во лигата, па бевме разочарани и фрустрирани. Сепак остануваме убедени дека проектот е на добар пат. Бројните повреди ги зголемија тешкотиите, но свесни сме дека сме на вистинскиот пат и веруваме дека тоа ќе донесе успех во иднина, -додаде Џунтоли.

Следниот предизвик за составот од Торино е Верона на 3 март во рамките на 27.коло во Серија А.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни