Поврзете се со нас

Италија

Мота: Моравме да го затвориме натпреварот, мораме да…

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Јувентус и по 16 одиграни кола останува единствен непоразен тим во Серија А, но тоа ништо не значи во неговата ситуација затоа што веќе има дури девет бода помалку од лидерот Аталанта.

„Старата дама“ прави неочекувани киксови како оној вчерашниот против Венеција каде му дозволи на противникоот во вториот дел да направи комплетен пресврт за да потоа со удар од белата точка дојде до бод во судиското продолжение.

-Немавме добар настап против екипа која добро се бранеше. Сигурно треба да бидеме подобри. Веќе кажав и пред натпреварот, секој натпревар е различен, така што ова нема врска со Лигата на шампионите и не можеме да бидеме задоволни од овој настап. Ова е чекор напред што треба да го направиме. Поведовме и требаше да продолжиме да притискаме напред, да создадеме повеќе шанси и да го „убиеме“ натпреварот. Не го направивме тоа, му дозволивме на противникот да се врати, -истакна тренерот Тијаго Мота.

Јувентус има проблем со констатноста, односно често паѓа по добри настапи како против Манчестер Сити, РБ Лајпциг и Интер, односно не добива екипи против кои едноставно мора да освојува три бода.

-Вистина е, сите три натпревари беа сосема различни од оние што следеа. Не се обидувам да го оправдам тоа, но на оние отворени натпревари каде и другата страна презеде иницијатива и се обидуваше да победи, тие потоа беа сосема поинакви. Не сакаме да останеме таму каде што сме сега и по преземањето на водството треба да продолжиме да играме, да ја задржиме оваа самодоверба за да го затвориме натпреварот и да не се обидуваме да трошиме времето. Не можеме да го правиме тоа против големите тимови, затоа не треба да го правиме и против другите, -подвлече стратегот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни