Италија
Мота: Ќе ја гледаме табелата на крајот на сезоната
Јувентус дојде до седмата сезонска победа во италијанскиот шампионат и тоа на „Бриантео“ каде ја совлада Монца со 2-0.
МекКени и Гонзалес стрелаа за прво славје на „старата дама“ во Серија А по месец ноември, поточно за прекин на серијата на нерешени натпревари.
-Отсекогаш сме се мачеле против екипи кои се бранат и одат на контра. Требаше да го „убиеме“ натпреварот, ова е дел од процесот на напредок, преземајќи дополнителен ризик против овие тимови и потенцијално дозволувајќи контра-напади. Бевме во позиција квалитетно да ги направиме транзициите во вториот дел кога поведовме, но не го направивме тоа доволно добро, -истакна тренерот Тијаго Мота кој е задоволен како Вестон и Николас се најдоа во новите улоги, позиции.
-Нико Гонзалес и Мекени се отворени за преземање улоги кои не секогаш ги имаат, но тоа го прават многу добро затоа што имаат високо ниво и задоволство е тренерот да работи со момци кои имаат ваков став, -рече Мота кој порача дека табелата ќе ја гледаат на крајот на сезоната.
-Ќе ја гледаме табелата само на крајот од сезоната. Пред тоа одиме натпревар по натпревар и се обидуваме да целиме кон максимален резултат против секој противник, -заклучи стратегот.
„Старата дама“ има девет бода помалку од лидерот Аталанта.
-
АТП14 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија23 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Италија21 час
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
Англија24 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
АТП23 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
Шпанија24 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)
-
АТП18 часа
Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори и обезбеди билет за второто коло во Мелбурн (ВИДЕО)
-
АТП20 часа
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)