Поврзете се со нас

Италија

Мота ќе бара две принудни решенија во актуелниот тим за тешко повредениот Бремер

Објавено

на

Foto:x.com/juventusfcen

Тиаго Мота ужива во воведните месеци како тренер на Јувентус, но брзо почна да се соочува со големи предизвици, но и со решавање на непредвидените и непосакувани проблеми.

Јувентус покажа тимска хемија во Лајпциг и успеа да запише херојска победа со 10 играчи на теренот, меѓутоа победата од 2:3 донесе и една нависитна лоша вест.

Во раната фаза од натпреварот, Глеисон Бремер побара замена и веднаш стана јасно дека се работи за посериозен проблем, а за жал деталните лекарски прегледи покажаа дека се работи за кинење на предниот вкрстен лигамент.

Бразилецот во најмала рака ќе паузира шест месеци, па Јувентус веќе состави листа на потенцијални кандидати кои можат да пристигнат во јануари, или пак уште сега како слободни агенти.

Клубот се уште нема донесено одлука дали ќе носи избразни одлуки, но во меѓувреме, Мота пронајде и две принудни решенија во актуелниот тим.

– Зошто да не? Може да испробаме и играч од друг дел на теренот. Би бил најсреќен човек на светот доколку Локатели се проба како стопер. Истото важи и за десниот бек Николо Савона. Тоа се работи кои ќе треба допрва да ги разработиме на тренинг, но се надевам дека можат да „запалат“, – изјави Мота.

Локатели по природа е дефанзивен играч за врска, додека Савона добро знае што значи да се игра во одбрана бидејќи е дефанзивен бек.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни