Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мота: Игравме со срце, душа…

Објавено

на

foto: x.com/juventusfc

Јувентус го доби дербито со Манчестер Сити (2-0) за трето славје во шестиот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.

Калчолигашот соодветно ги искористи своите шанси и со два гола во вториот дел кои беа дело на Влаховиќ и МекКени дојде до три големи бода, бода кои се значајни за пласманот во следната фаза на ова натпреварување.

-Игравме со срце и душа, но и со глава, со желба да ги правиме работите на вистински начин. Знаевме пред натпреварот дека ќе треба да се браниме длабоко многу повеќе од вообичаено, но го направивме тоа заедно како тим. Во нападот, исто така, моравме да одиме заедно, да удриме во вистинско време и тоа го направивме.

-Ова е заслужена победа, момците добро се снајдоа и имавме неколку играчи кои се вратија од повреда, што значи дека нашиот медицински персонал работи добро за да ги доведе играчите во добра форма. Оние кои влегоа од клупата им дадоа голема рака на оние на кои им беше потребна, -рече тренерот Тиаго Мота.

-Ова беше многу поинаков натпревар од Лајпциг, на пример, со сета почит. Моравме да се браниме подлабоко, но најважно беше да нападнеме во бројки кога ја имаме топката и да внесеме многу луѓе во шеснаесетникот, бидејќи ако го имаме тоа, тогаш целиот фокус нема да биде на Душан. Тој може да ја направи разликата во шеснаесетникот како што сега до направи, -додаде стратегот.

Јуве во двете последни кола ќе се соочи со Бриж и Бенфика.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни