Италија
Мота го утврди главниот проблем на неговиот Јувентус по драматичниот пораз од Милан
Јувентус цели 70 минути изгледаше како тим кој ги контролира нештата во Ријад со предност од 1:0, но првиот удар кој го зададе Милан делуваше фатално врз играта на тимот кој го води Тиаго Мота, па во краток временски интервал видовме пресврт на „росонерите“.
Сержо Консеисао дебитираше со пресврт победа во големото дерби во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп, па ако Португалецот откри дека на полувреме им одржал лекција на своите фудбалери поради лошото издание во воведните 45 минути, неговиот колега го утврди најголемиот проблем на Јувентус во последно време.
Јуве по којзнае кој пат оваа сезона испушти предност и не приврши натпревар на кој изгледаше дека ги контролира нештата, а тоа му даде за право на Мота да заклучи дека на неговиот тим му недостасува карактер.
– Не можеме и не смееме да бидеме задоволни од тоа што го направивме. Во првото полувреме бевме лоши, но во второто пропуштивме шанса да го убиеме мечот. Милан направи многу малку и не требаше да победи со оглед на тоа што го прикажа во полуфиналето.
– Ова е тежок удар за нас, навистина непријатен пораз. Имавме голема шанса да играме во финалето и навистина е разочарувачки што пропуштивме огромна шанса да го победиме Милан. Мора да го поправиме нашиот карактер, сметам дека на овој тим му недостасува карактер. Контролиравме цели 70 минути, пропуштивме да го решиме мечот, а карактерот доаѓа до израз по првиот негативен инцидент на теренот. Треба да реагирате по првиот лош момент, а ние после првиот примен гол ја уништивме цела работа која ја правевме дотогаш, – изјави Мота.
-
Италија22 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства19 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија17 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија22 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија21 час
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија20 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија19 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Светски првенства8 часа
Храбро издание и нецелосна награда: Македонија испушти победа, но може да биде горда на прикажаната игра