Италија
Мота го прекина молкот и ја испрати првата порака по отказот во Јувентус

Тиаго Мота телефонски бил информиран за отказот кој го заработил од водечките структури на Јувентус во текот на вчерашниот ден, откако италијанскиот стручњак решил да ја искористи кратката репрезентативна пауза за семејна посета на Португалија.
Во период кога драстично му се размрда столчето, Мота на крајот не го преживеа овој мартовски репрезентативен прозорец и Јувентус се одлучи за тренерска смена, па откако во јавноста се појавија безброј шпекулации за начинот на кој бил „шутнат“ од клубот, Тиаго сега реши да го прекине молкот и да ја испрати првата порака преку новинската агенција „АНСА“.
Без да навлегува во било какви полемики, Мота се заблагодари за довербата која ја доби од клубот минатото лето, нагласувајќи дека негов единствена намера била да го подобри тимот секој нареден ден.
– Доживеав интензивни моменти во Јувентус и секогаш се соочував со максимална посветеност и желба да се подобруваме од ден во ден.
– Благодарност до сопствеништвото за шансата која ми ја овозможија во овој голем клуб, благодарност до менаџментот и до сите луѓе кои ме поддржуваа во клубот од првиот ден.
– Исто така сакам да им се заблагодарам на играчите за вложениот труд и посветеноста од првиот ден. Им посакувам се најдобро на Јувентус и фановите во периодот кој следи, – гласи изјавата на Мота.
-
Шпанија18 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА17 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
НБА14 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони15 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија12 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Македонија13 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар
-
Италија15 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)