Италија
Мота доби поддршка од управата на Јувентус: Мора да останеме обединети…

Јувентус беше надигран и од Фиорентина (3-0) во Серија А, односно за кратко време забележа два убедливи порази со оглед на тоа што претходно Аталанта ги суреди во Торино со 4-0.
Овие две последни изданија ги зголемија критиките на адреса на тренерот Тијаго Мота, но стратегот останува безбеден и се уште ја има поддршката од управата на клубот.
-Во овие моменти, мора да останеме обединети и заедно да излеземе од тешкотиите. Очигледно сме разочарани, сезоната имаше подеми и падови, но не два меча по ред толку под нивото. Многу сме тажни, но убедени дека можеме да излеземе од сето ова заедно.
-Со Мота? Секако. Го започнавме овој проект од нула, ја намаливме возраста на тимот, ја намаливме сметката за плати, па знаевме дека ќе има потешкотии и недостаток на искуство. Местото во Лигата на шампионите е сè уште на дофат и мора да останеме обединети, концентрирани за да ја постигнеме таа цел, излегувајќи од деликатна ситуација, -вели директорот Кристијано Џунтоли.
-Во овие ситуации, се обидуваме да анализираме што се случувало во последните две недели. Не заборавајте дека по натпреварот со Верона, медиумите се обидоа да кажат дека сме во трката за Скудетото, па ни треба рамнотежа. Мора мирно да ја анализираме ситуацијата. Тимот ја имаше најдобрата одбрана во Серија А до пред неколку недели, па тоа значи дека изгубивме дел од нашата рамнотежа, тоа е психолошка и тактичка рамнотежа.
-Сакаме да продолжиме таму каде што застанавме, бидејќи секогаш имаше некои проблеми, но се враќавме на вистинскиот пат и мора да го направиме тоа повторно. Искрено, тимот имаше тенденција брзо да се врати на вистинскиот пат по лошиот настап, но ова е првпат да имаме два настапи по ред под ниво. Тренерот ќе работи на тактичките и психолошките прашања во следните две недели, па ќе се обидеме да ја вратиме ситуацијата на вистинскиот пат, -порача Џунтоли.
-
Шпанија13 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Шпанија8 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија12 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија22 часа
Валверде застанал во одбрана на колегата Анчелоти: Како треба да се чувствуваме ние останатите
-
Лига на шампиони13 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Шпанија24 часа
Флик по драматичната победа над Селта: Посебно сум среќен поради една работа
-
Шпанија9 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)
-
Англија5 часа
Сарабија со мајсторија донесе историја за Вулвс на „Олд Трафорд“, Арсенал и Челси остварија победи на гостински терен (Видео)