Поврзете се со нас

Италија

Мота дефинитивно го отпиша Киеза: Одлуката е донесена…

Објавено

на

foto: x.com/juventusfc

Јувентус прави сериозни промени во играчкиот кадар под водство на Тијаго Мота, доведени беа неколку нови имиња, некои си заминаа со тоа што таа листа брои уште неколку фудбалери кои се отпишани и треба да си бараат клубови.

На тој список има и неколку „тешкаши“ меѓу кои најмногу отскокнува името на Федерико Киеза кој има 26 години и дефинитивно може да експлодира, да се врати во старата форма, ама во Јувентус повеќе не веруваат во него и сакаат да се разделат со италијанскиот репрезентативец.

-Киеза е надвор од трансфер причини, исто како и останатите кои останаа зад себе, освен Фабио Мирети кој е повреден. Ние бевме многу јасни со нив. Тие се талентирани, но мора да најдат други опции каде ќе добијат поголема минутажа. За Киеза и останатите, одлуката е донесена, -порача Мота кој засега има проблеми и за тоа говорат резултатите против Нирнберг и Брест каде Јуве прими пет гола и не забележа ниту една победа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни