Мото ГП
Морбидели издоминира на втората трка во Арагон, Мир ја зголеми предноста во генералниот пласман

Ова попладне се извозе втората трка на Моторленд Арагон по онаа која беше на програмата минатата седмица, со тоа што денеска на трката за Големата награда на Теруел добивме друг победник.
Минатиот викенд славеше Алекс Ринс, а денеска шпанскиот возач на Сузуки мораше да се задоволи со второто место, бидејќи неприкосновен и доминантен на патеката беше Франко Морбидели. Младиот Италијанец стигна до својата втора победа во Мото ГП, откако по одличниот старт, дочека и брз пад на Такаки Накагами кој вчера беше фантастичен и ја осови пол позицијата.
Јапонецот уште во третиот свиок излета од патеката и го урна својот сон за победа, па му овозможи на Морбидели да го преземе врвот, по што Италијнецот не го испушти до минувањето на целната линија.
Алекс Ринс уште еднаш демонстрираше дека му „лежи“ патеката во Арагон со освоеното второ место, додека голема добива од оваа трка има и Жоан Мир. Вториот возач на Сузуки се уште нема победа оваа сезона, но со денешното трето место ја зголеми предноста во генералниот пласман, откако сите други ривали останаа зад него.
Мир сега има 137 бодови во генералниот пласман, 14 повеќе од Квартарато кој денеска одново разочара со 8-то место, односно 19 од Вињалес е трет во поредокот. Со денешната победа, во трката за шампионската титула се вклучува и Моридели, кој сега заостанува 25 бода.

- НБАпред 22 часа
НБА бравури со балкански шмек: Спектакуларното додавање на Дончиќ и моќното забивање на Јокиќ (Видео)
- Италијапред 22 часа
Ибрахимовиќ му испрати директна порака на Лукаку во пресрет на шоуто кое ќе го има со Михајловиќ
- Францијапред 22 часа
Како бестрашниот Мбапе нема милост кон противникот: Да им дадеме шест или седум гола! (Видео)
- Светпред 20 часа
Сопругата на Мамаев јавно го обвини фудбалерот дека ја изневерувал на подготовките во Шпанија
- Италијапред 23 часа
Серија А одби да го одложи натпреварот Лацио-Торино
- Шпанијапред 21 час
Најава за огромни промени на „Месталја“: Малезиски принц ќе ја спасува Валенсија!
- Шпанијапред 20 часа
Куман за чудесната рехабилитација на својата млада ѕвезда во тимот: Некои работи не можат да се објаснат
- Формула 1пред 23 часа
Сината боја доминира на болидот на Алпин, Алонсо ја пропушти промоцијата