Поврзете се со нас

Мото ГП

Морбидели бесен: Зарко за мене е како убиец, не смее да го направите ова при 300 км/ч (Видео)

Објавено

на

Франко Морбидели имаше среќа што мина без никакви последици по немилиот инцидент при брзина од 300 километри на час, но уште повеќе среќа имаа Маверик Вињалес и Валентино Роси кои и погледнаа на смртта во очи.

Стотици делови од секундата ги делеа двајцата возачи на Јамаха од страотен удар од противничките мотоцикли кои неконтролирано летаа, а единствена добра вест е што сите четири загрозени минаа без никакви последици во овој непосакуван настан.

Валентино Роси не се штедеше по крајот на трката која и го посочи Жоан Зарко како директен виновник за несреќата која чудо е како мина без смртни последици, но уште пожесток беше Франко Морбидели, италијанскиот мотоциклист кој се лизгаше по асфалтот откако Зарко намерно сопре пред него.

– Да стиснете вака на сопирачките при брзина од 300 километри на час, значи дека не чувствувате воопшто љубов за оние кои се со вас на патеката.

– Ова беше многу опасно за мене, за него, но исто така за роси и Вињалес. Добар сум со оглед на тоа што можеше да ми се случи, Зарко за мене е речиси како убиец. Се надевам дека овој инцидент ќе го натера да почне да мисли и дека ќе има реакција од одговорните лица, – изјави Морбидели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни