Поврзете се со нас

Италија

Морати за шансите на Милан за титула: Тешко е да се помисли…

Објавено

на

Милан и оваа година се обидува да биде при самиот врв на Серија А, а ако добие шанса и да го нападне Скудетото кое изненадувачки го освои пред две сезони.

Доста играчи пристигнаа во таборот на „росонерите“ минатово лето, поточно екипата сега изгледа поинаку, тренерот Стефано Пиоли има повеќе фудбалери на располагање, меѓутоа има слабости, недостатоци, подеми и падови.

Меѓутоа и покрај таа нестабилност Милан не е далеку од лидерот Интер кој му бега шест бода со што може да се дојде до заклучок дека се е отворено со оглед на тоа дека има уште многу да се игра.

Масимо Морати кој е познат како поранешен претседател на Интер и голем фан на оваа екипа, се обиде да даде одговор дали „црвено-црните“ можат да ги загрозат „нероаѕурите“, поточно дали се реални кандидати за пехарот.

-Тие се неразбирливи. На моменти делуваат како убава екипа, а потоа се кршат (покажуваат слабости). Имаат некои играчи кои не се многу познати, благодарение на Пиоли кој ги натера да играат. Но, дербито беше огромно, тешко е да се помисли дека тие можат да бидат подобри од Интер, -порача Масимо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни