Поврзете се со нас

Италија

Морати: Инѕаги не го испорачува ветеното, Интер како да игра пријателски натпревари

Објавено

на

Foto:www.inter.it

Масимо Морати редовно ги коментира натпреварите на Интер, а поразот од Фиорентина уште еднаш бил повод за негови критики на адреса на актуелниот тренер, Симоне Инѕаги.

Поранешниот претседател на „нероазурите“ смета дека тренерот има голема одговорност за актуелната ситуација, бидејќи Интер на ваков начин ќе остане без пласман во Лигата на шампионите.

– Инѕаги е проблем бидејќи како тренер презема одговорност да го води Интер напред, а резултатите не покажуваат такво нешто.

– Недостасува интензитет, дуелот со Фиорентина беше како пријателски, а всушност беше многу важен натпревар за пласман во ЛШ.

– Не би сакал да зборувам за отказ, но екипата мора да се разбуди. Раководството мора да носи важни одлуки, – изјавил Морати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни