Италија
Морати со совет до Интер: Ако сакате титула, тој е најсоодветен тренер за таа цел

Многу повеќе се очекуваше од Интер во оваа сезона во Серија А каде клубот по 27. кола е на третата позиција на табелата со дури 21 бод помалку во однос на лидерот Наполи.
Тоа е огромна негатива со оглед на тоа што се очекуваше „нероаѕурите“ да бидат кандидати за Скудетото, па поради ова веќе некое време виси иднината на тренерот Симоне Инѕаги, поточно се повеќе се говори за негова смена на крајот на сезоната, но и порано ако работите отидат во уште полош правец.
Масимо Морати долго време беше во Интер, човек кој многу го сака клубот, човек кој да гледа како се освојуваат титула и затоа одвреме навреме се јавува со некој коментар, совет. Последниот е во однос на тренерот кој според него треба да биде Антонио Конте кога сега тој е слободен по разделбата со Тотенхем.
-Ако сакате да го освоите првенството, тој е веројатно најсоодветен тренер за да ја постигне таа цел. Во секој случај, немав шанса да разговарам со Марота, така што не знам што да кажам за тоа, -истакнал Морати.
Конте веќе имаше една етапа на „Џузепе Меаца“ од 2019 до 2021 која заврши со еден пехар во Калчото.
-
Англијапред 19 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 18 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
Англијапред 19 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 20 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 21 час
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 21 час
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)