Италија
Морати се огласи за Лаутаро: Барселона испраќа нерезонски понуди
Непредвидената фудаблска пауза која настана поради коронавирусот ги натера фудбалските клубови да разгледуваат опции за летниот преоден рок многу порано од обичното, а во овој изминат период, неколку изјави даде поранешниот мандатар на Интер, Масимо Морати.
Искусниот фудаблски работник кој ја скрои најуспешната етапа во историјата на клубот изјави дека негова желба е да го види Меси во Интер и не исклучи такво сценарио во иднина, но овојпат очигледно се помири со реалноста и порача дека Аргентинецот „не мрда“ од „Камп Ноу“.
Во интервјуто за „Тутоспорт“, Морати нагласува дека го прифатил фактот за останување на Меси на „Камп Ноу“, но од друга страна, не е уверен дека Лаутаро Мартинез ќе одолее на понудата која му ја нуди Барселона.
– Меси е сон за секого, но тој нема да мрдне од Барселона. И ден денеска е подобар од сите други фудбалери, без оглед на тоа колку години поминаа, – вели Морати.
– Во случајот на Лаутаро, се ќе зависи од неговата желба. Барселона испраќа нерезонски понуди, ќе биде тешко да каже „не“, – смета Масимо.
-
Шахпред 10 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Балканпред 23 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 10 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 8 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 15 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Светпред 13 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ
-
Италијапред 15 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки