Поврзете се со нас

Италија

Морати прогнозира кој ќе биде изненадување на сезоната во Серија А и додаде: Интер направи голема грешка

Објавено

на

Foto:www.inter.it

Возбудувањата во Серија А по репрезентативната пауза ќе продолжат со дерби пресметката меѓу Интер и Рома, натпревар кој ќе го врати Жозе Мурињо на местото на кое секогаш добива големи овации од страна на „неаѕурите“.

Интер ќе ја пречека Рома на „Џузепе Меаца“ во сабота во 18:00 часот, но пред да дојде до најава од страна на тренерите на двата тима, со интересна изјава за последните случувања излезе Масимо Морати, легендарниот газда и претседател на Интер.

Морати вели дека Интер се уште психолошки не е опоравен од минатата сезона и типува дека Рома на Мурињо ќе биде изненадување оваа сезона во Серија А, додавајќи дека Лукаку многу му недостасува на Инѕаги кој во последно време е под голем притисок.

– Интер мора да покаже добра игра, бидејќи сите видовме дека и тоа како се почувствува отсуството на Лукаку. Сметам дека Интер се уште е во нокаут од загубената титула од минатата сезона, се уште има разочарување во воздухот. Потребно е нешто да ги стресе.

– Рома влегува во дербито во подобра форма, тие се интересен тим и со Мурињо ќе бидат изненадување на сезоната. Мурињо ќе се врати во Милано, но нема да биде доле на теренот поради казната. Тоа значи дека ќе ги поздрави навивачите на Интер од трибините, – вели Морати, кој смета дека Интер направил голема грешка што не го ангажирал Пауло Дибала, кој потоа заврши токму во Рома.

– Дибала е извонреден играч и секој фан на Интер сакаше да го види во нашиот тим. Сепак, клубот се одлучи за други опции и направи грешка, – завршува Морати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни