Италија
Морати предложи две сензационални замени за Лаутаро во Интер
Масимо Морати подолго време е огромен оптимист и навистина најголем ентузијаст кога е во прашање еден „невозможен трансфер“ во корист на Интер, бидејќи некогашниот мандатар на „нераѕурите“ смета дека е возможен ангажман на Лионел Меси.
Поранешниот лидер на Интер го состави историскиот тим кој ја освои триплетата пред десет години и често знае да ги коментира актуелните случувања во клубот од „Џузепе Меаца“, па сега се осврна и на темата која се почесто е во фокусот во Италија и Шпанија.
Иднината на Лаутаро Мартинез во Интер е доведена во прашање поради сериозниот интерес кој го прикажува Барселона, но Морати смета дека клубот мора да има резервен план доколку дозволи да си замине популарниот „Ел Торо“.
– Ако пристигне Меси, тоа би било одлично, навистина идеално, – изјави Морати за „Газета“ кој смета дека Интер би можел да тргне и по сензационален ангажман на Пауло Дибала од Јувентус.
– Ако на крајот испадне дека Лео е навистина невозможна мисија и не сака да ја промени актуелната средина, тогаш би сакал Интер да тргне по Дибала како замена за Лаутаро, – додаде Морати.
Оваа изјава на Масимо секако се должи на тоа што Јувентус сериозно размислуваше да го продаде Дибала минатото лето, но во меѓувреме Аргентинецот успеа да се пронајде во системот на Маурицио Сари и беше главна ѕвезда токму на последното дерби меѓу Јуве и Интер.
-
Англијапред 14 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 13 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Светпред 23 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Шпанијапред 13 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Англијапред 11 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Шпанијапред 21 час
Барселона повторно покажа дефанзивни слабости и освои само бод против Мајорка (ВИДЕО)
-
Англијапред 13 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Италијапред 22 часа
Првенецот на Милик доволен за победа на Јувентус (ВИДЕО)