Поврзете се со нас

Италија

Морати по освоеното Скудето упати трансфер совет до Конте: Ние го донесовме Снајдер, тие треба да го донесат…

Објавено

на

Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати истакна дека е пресреќен откако „нероазурите“ по цели 11 години повторно застанаа на тронот на италијанскиот фудбал.

Морати упати само пофални зборови до Антонио Конте кого го спореди со Жозе Мурињо и посочи кој фудбалер треба да го ангажира тимот на Интер доколку сака да ја продолжи доминацијата во Италија, но и да биде конкурентен во европските натпреварувања.

– Многу сум среќен, ова беше специјален момент кој го прославив со моето семејство. Драго ми е што Интер ја освои титулата повторно и се надевам дека тоа ќе го прави и во иднина.

– Антонио Конте ја постигна целта така што го заштити тимот со тоа што им наметна  на фудбалерите нов, поинаков   карактер. Тој беше неверојатен. Гледам сличности со Жозе Мурињо и Хеленио Ерера. И тие се сериозни професионалци со победнички менталитет, -изјави Морати, а потоа ги советуваше челниците на клубот да го ангажираат Енголо Канте од Челси.

– Мислам дека Канте поседува се за да го засили Интер. Ние го донесовме Весли Снајдер иако веќе имавме солиден тим, но со него станавме неверојатни. Истото е и со Канте, за кого како фан сакам да се ангажира, но знам дека ќе биде многу тешко таквото нешто, -заврши Морати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни