Поврзете се со нас

Италија

Морати: Не го очекував тоа од Кјелини, навистина ми е жал за Балотели

Објавено

на

Капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини неочекувано ги нападна Марио Балотели и Фелипе Мело кои за него се најлошите личности меѓу фудбалерите.

Кјелини ги посочи најлошите личности меѓу фудбалерите: Балотели е негативна личност, а има полош и од него

Сосема очекувано Балотели и Мело имаа свои коментари, реакции за зборовите искажани од Кјелини, а сега за целата таа ситуација својот став го искажа долгогодишниот претседател на Интер, Масимо Морати.

-Бев тажен, затоа што ми се допаѓа Кјелини и знам колку е интелегентен и добро момче. Тоа што го направи ме изненади. Жал ми е за Балотели кој секогаш е третиран на тој начин, -истакна Морати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни