Поврзете се со нас

Италија

Морати: Интер му го подари Скудетото на Милан, не смее тоа повторно да се случи!

Објавено

на

Интер има доста проблеми во оваа сезона и по осум одиграни кола е на 9 место на табелата или поточно има осум бода помалку од водечките Наполи и Аталанта.

Овие резултати и четирите порази никој не ги очекуваше на „Џузепе Меаца“, па има доста реакции, коментари, а под се поголем притисок е тренерот Симоне Инѕаги. Последен кој се огласи е поранешниот прв човек на клубот, Масимо Морати кој смета дека мора веднаш да се поправат работите, односно да се дојде до партии кои ќе гарантираа резултати кои нема да дозволат Скудетото одново да заврши во други раце како минатата кампања.

-Мора да победиме за да се вратиме на вистинскиот пат. Рецептот е да се има многу гордост и желба да се игра за тим познат во целиот свет. Мора да ја чувствувате тежината и силата што треба да го браните овој дрес. На почеток сме, на полусезона можеби ќе се решат сегашните проблеми. Интер е во лоша ситуација, но разликата се уште е мала.

-Минатата година веќе му го подаривме Скудетото на Милан, не би сакале да го правиме тоа двапати по ред, -порача Морати кој го споеди Инѕаги со Антонио Конте.

-Конте беше исклучителен, тоа и сега го докажува. Интер го ценеше. Го натера целиот тим да игра за него, има многу силен карактер. Тоа не значи дека тренер со различен карактер не може да победи. Инѕаги има квалитети кои можат да го стават во позиција да победи. Целиот клуб минува низ тежок период, важно е тоа да не е оправдување за играчите, -истакна Масимо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни