Морати: Интер може да ја освои титулата, вистинскиот непријател е…

morati

Интер по 15 одиграни кола е лидер на табелата во Серија А, единствен состав кој го нема почувствувано поразот, но наредниов викенд следува најголемиот предизвик и гостување кај италијанскиот шампион Јувентус.

Во пресрет на таа средба поранешниот прв човек на клубот од Милано, Масимо Морати се огласи во јавноста посочувајќи оти „нероаѕурите“ се легитимни кандидати за Скудетото, а притоа коментирајќи ја битката со „бјанконерите“.

– Можеме ли да зборуваме за Скудето? „Да“. Важно е да го имате тој збор во твоето срце и вашата глава, но и да се плашите, така што секоја недела ќе играте со вистинска напнатост. Како Јувентус така и Рома и Наполи кој игра прекрасно под водство на Сари. Јувентус?  Влегуваме во натпреварот во нашите најдобри моменти. Се надевам дека тоа е голем спектакл, бидејќи сега ривалството остана на спортски основи. Алегри е многу добар, па ќе видиме како ќе не проучи, ама верувам Спалети ќе го надмудри. Тие имаат квалитетни играчи и сите на стадионот ќе бидат Јувентино. Тоа е навистина стимулирачки предизвик за да се соочиме. Што ме плаши најмногу кај Јуве? Нивната автоматизација, која секогаш функционира фантастично. Потоа Игуаин и Дибала. Ако би можел еден да земам, бидејќи веќе имаме фантастичен напаѓач во Интер (Икарди), ќе го земам поранешниот човек на Палермо. Икарди-Дибала, каков фантастичен пар. Нема споредба со ривалството со Милан. Од една страна има двојно државјанство, директна конфронтација. Од друга страна има историски антагонизам. Спoртски кажано, Јувентус е вистинскиот непријател, -истакна Морати.

Дербито Јуве-Интер се игра в сабота од терминот 20:45 часот.

Facebook Коментари