Поврзете се со нас

Италија

Морати: Добро е што Интер стигна до втора ѕвездичка пред Милан

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Интер вчера ја обезбеди дваесеттата титула во Серија А, што ја активира втората ѕвездичка на дресовите на составот од Милано, кој сега има еден трофеј повеќе од градскиот ривал Милан.

Поранешниот претседател Масимо Морати во интервју за „Газета дело Спорт“ зборувал за јубилејната титула во Серија А и истакнал дека за сите фанови пријатно делува податокот дека Интер стигна до втората ѕвездичка пред Милан.

– Навистина делува пријатно што стигнавме до јубилејната титула пред Милан, уште една позитивна работа од сезоната во која доминиравме.

– Што се однесува до Лигата на шампионите, треба да го прифатиме разочарувањето, тоа е силно натпреварување во кое можеш да бидеш елиминиран за најсилен детаљ. Видете што се случи со Манчестер Сити, кој напаѓаше 120 минути и на крајот испадна, – вели Морати.

Тој ги коментирал и фудбалерите кои ја одбележаа сезоната во дресот на Интер.

– Барела е број еден, веројатно затоа што го има секаде на теренот. Но, скудетото е плод на целата екипа, Димарко е вистински симбол на Интер, Чалханоглу и Мхитарјан имаа одлична сезона, а Лаутаро е неверојатен, – рекол Морати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни