Поврзете се со нас

Италија

Морати: Чуда се случуваат, на Милан може…

Објавено

на

До крајот на италијанскиот фудбалски шампионат има само уште едно коло по кое ќе добиеме одговор на најважното прашања, која екипа ќе го освои Скудететото.

Во пол позиција е Милан кој има два бода повеќе од Интер или во ситуацијава со реми против Сасуоло сигурно го задржува првото место и ја освојува титулата со оглед на тоа што има подобар учинок во средбите со градскиот ривал.

Сепак во минатото имало падови кога најмалку се очекувало, па екс претседателот на „нероаѕурите“ Масимо Морати верува во едно такво сценарио.

-Тешко е, но во фудбалот се е можно. Чуда се случуваат и работите можат да се сменат од еден момент во друг. Тоа добро го знаеме. Милан и Интер се две големи екипи. Може да врне како во Перуџа, или Милан може да се соочи со истата судбина како нас на 5 мај. Можеби 22 мај би можел да стане нивни 5 мај.

-Сè уште верувам дека Интер има шанса да успее. Ни преостанува уште еден натпревар и се може да се случи во фудбалот. Можеби звучи како клише, но се може да се случи. Ајде да видиме, -порача Масимо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни