Италија
Морати без влакна на јазикот за најзвучното засилување на Интер: Голема измама…

Масимо Морати долго време беше главен во италијанскиот великан Интер, но веќе некој период тој не е претседател на клубот, ама тоа не значи дека престана да ги следи сите случувања и да продолжи да навива за истиот.
Морати секогаш бил искрен и отворен, па така беше и овојпат кога говореше за играчот кој сезонава требаше да биде главно засилување за тимот, Ромелу Лукаку. Белгиецот се врати во Милано со желба, надеж дека ќе може одново да „експлодира“ и со тоа воедно да му помогне на Интер, меѓутоа тој скоро и да не заигра за „нероаѕурите“ во актуелнава кампања.
-Скоро го заборавивме фактот дека Интер игра без играчот на кој се се базираше-Лукаку. Голема измама, тој практично никогаш не играше, -рече Морати кој потоа говореше за тренерот Симоне Инѕаги на кого му даде поддршка.
-Има неколку болки, но тој е добро. Мислам дека оваа пауза може да биде добра за сите тимови. Мислам дека нема потреба од големи засилувања, иако забележувам дека сите работат напорно во секој случај. За да донесете одредени одлуки треба да бидете внатре, човечкиот аспект е важен. Мора да ја имате подготвено алтернатива. Однадвор размислувате како навивач и можете да направите одредени размислувања. Но, Инѕаги е добар, а и Интер игра добро, -заклучи легендарниот претседател на составот од „Џузепе Меаца“.
-
Светпред 20 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 21 час
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Барселона почна преговори за продажба на Белерин после само шест месеци: Се задоволува со минимален надоместок
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 21 час
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 15 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 12 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар