Поврзете се со нас

Италија

Мората за незаборавната вечер која ја имал со Роналдо „Феномено“ на 18 години: Еден час седев во неговата соба

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Алваро Мората повторно ја напушти Шпанија и од изминатово лето е член на Милан, каде сега како 32-годишник е еден од најискусните во младиот тим на Пауло Фонсека.

Шпанскиот капитен го подигна трофејот од Европското првенство во месец јули и веднаш потоа направи кам-бек во Италија, а по авантурата која ја имаше во Јувентус, овојпат реши да игра во клубот чии бои ги бранеше и неговиот идол.

Роналдо Назарио по етапата во Реал настапуваше и за Милан, а речиси две децении подоцна Мората може да се пофали дека ги бранел боите на двата сакани клуба на неговиот идол.

Алваро открива дека еден од најдобрите подароци во животот ги добил на 18-години, кога неговиот братучед му организирал средба со „Ел Феномено“.

– За мојот 18-ти роденден добив незаборавен подарок, а тоа беше забавна вечер со Роналдо Назарио, Роналдо „Феноменот“. Мојот братучед го познаваше Роналдо и поради обврските кои ги имаше, беше тешко да го договорите за ручек или вечера.

– Затоа завршивме кај него после вечерата. Бевме со Роналдо и завршивме во неговата куќа. Се сеќавам дека влегов во една соба и во неа го имаше дресот од финалето в0 2002-ра година, многу копачки и „Златната топка“. Еден час останав во таа соба, гледав во се и не можев да поверувам. Ми рече да си земам за мене што ќе посакам. Ми го даде дресот од финалето на СП во 2002-ра и едни копачки. Исто така ми понуди и реплика од „Златната топка“, – открива Мората.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни