Поврзете се со нас

Шпанија

Мората за неговата иднина: Не можам да останам во Атлетико…

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Пред Алваро Мората е уште еден голем настан, турнир со селекцијата на Шпанија и тоа на Европското првенство кое се одржува во Германија, а во пресрет на истиот напаѓачот отворено говореше за неговата иднина.

Мората често знае да биде критикуван, критики кои понекогаш ги надминуваат сите граници, па и на него му е преку глава.

-За мене најлесно е да не играм во Шпанија, за мојот живот, за она што треба да го живеам кога ќе излезам во нашата земја. За мене најлесно е да одам да си играм надвор. Многупати моите деца кои имаат пет години не разбираат зошто има луѓе кои се толку лути на нивниот татко.

-Беше лесно да го напуштам Атлетико минатото лето. Имав подобри финансиски понуди, одлични тимови, но имам илузија да победувам со Атлетико, кога гледам како луѓето реагираат на нашите игри и победи, тој дел тежи многу, -вели Алваро кој не знае дали ќе остане во сегашната средина.

-Она што ќе се појави во печатот ќе биде она за што тие зборуваат. Ако видам дека Атлетико сака да ангажира осум напаѓачи, гледам дека јас не сум приоритет на клубот. Не можам да останам во Атлетико и да не играм. Немам никакви проблеми со Симеоне.

-Многупати, секое лето се чини дека лошо се согласувам со него. Напротив. Нема никаков тип на проблем. Со него често зборувам за работи во животот и тој многу ми помогна . Но, тоа се аспекти кои јас „не ги контролирам, не знам дали сум во неговите планови или во оние на клубот, но ќе разговараме кога ќе се вратиме на работа, -порача голгетерот за „Ел Ларгуеро“.

Шпанецот има договор до 30 јуни 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни