Лига на шампиони
Мората: Тој е еден од најпотценетите играчи во последните 25 години

Започнува новата сезона во Лигата на шампионите, односно денеска се играат мечевите од Е, Ф, Г и Х групата, а еден од нив е оној меѓу Лацио и Атлетико Мадрид.
Се очекува ова да биде една израмнета битка на два состави кои немаа добра најава за пресметката на „Олимпико“ со оглед на тоа што лацијалите беа матирани од Јувентус, додека „душекџиите“ претрпеа неочекуван убедлив пораз од Валенсија од 3-0.
Еден од главните адути на гостите ќе биде Алваро Мората кој се надева на квалитетно издание, вистински одговор по катастрофата на „Месталја“.
-Секое натпреварување е важно. Имаме голема доверба во групата. Ќе направам се за да освојувам титули со Атлетико, како и моите соиграчи. Ќе има многу натпреварувања со кои треба да се соочиме, Лигата на шампионите, Ла Лига, Купот на Кралот и Суперкупот, без разлика на тоа што се случи во Валенсија, -рече напаѓачот кој даде голем комплимент за асото на калчолигашот, Луис Алберто.
-Го познавам од 12-13 години. Тој ми се чини еден од најпотценетите играчи во Шпанија во последните 25 години. Тој е технички поткован, има карактер, мислам дека е многу силен, -заклучи Алваро.
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 19 часа
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 15 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 19 часа
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 18 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 20 часа
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 20 часа
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 20 часа
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)