Поврзете се со нас

Италија

Мората: Тимот беше мртов, но сепак испративме порака

Објавено

на

foto: x.com/SerieA

Милан не успеа да слави на првиот домашен меч во Серија А во кампањата 2024/2025, поточно мораше да се задоволи само со реми во соочувањето со Торино.

Овој бод е и бонус за „црвено-црните“ ако се земе предвид дека беа во загубена ситуација до 89 минута, негатива од 2-0 по што дојдоа погодоците на нововлезените Мората и Окафор за конечни 2-2.

За Алваро ова беше деби за „росонерите“, па иако истото не го донесе посакуваниот резултат се надева дека ќе послужи како мотивација веќе во следниот меч да ги освојат трите поени.

-Не е одлично деби, бидејќи не победивме и сакавме да испратиме порака. Сепак мислам дека сè уште испративме порака, бидејќи тимот беше практично мртов и ние сепак се вративме. Да имаше уште пет минути игра, ќе победевме. Сепак, мора да се вратиме на работа во Миланело и да го промениме нашиот менталитет, затоа што овде треба да славиме, -рече Мората и додаде:

-Сан Сиро е прекрасен. Денеска сфатив што значи да се игра овде за Милан. Не можам да ветам голови или титули, но можам да ветам дека ќе работам понапорно од кој било друг, -порача Шпанецот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни