Поврзете се со нас

Италија

Мората се маскирал за да го гледа дербито: Сакав да ја почувствувам атмосферата…

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Алваро Мората се реши да ја промени клупската средина и во натпреварувачката 2024/2025 е дел од калчолигашот Милан за кој дебитираше на средбата со Торино, но потоа се повреди и ги пропушти наредните натпревари.

Тој треба да се врати на терените по репрезентативната пауза, а еден од мечевите кои следат е дербито во Серија А со Интер закажано за 22 септември, меч кој Шпанецот кој со нетрпение го очекува, пресметка на која во минатото присуствувал како обичен навивач.

-Едвај чекам да играм на дербито. Сега можам да кажам за прв пат. Веќе доаѓав на Сан Сиро да гледам неколку дерби пресметки како навивач, со капа и темни очила. Никој не сфати дека сум таму. Сакав да ја почувствувам атмосферата. Дури и однадвор, сфаќате колку значи овој натпревар.

-Едвај чекам да постигнам гол и да победам во дерби за да ги направам горди навивачите на Милан. Интер е многу конкурентен. Имаат одличен тим, а ние мора да играме со срце. Може да направите лошо додавање или да пропуштите шанса, но мора да дадете се од себе на теренот. Ставот не може да биде погрешен, -вели Мората и додава.

-Научив од многу тренери и соиграчи. Мислам дека уште можам да играм четири или пет години. Со високо ниво на искуство, се чувствувам подготвен да дадам се од себе, што е добро за мене, -заклучува Алваро.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни