Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мората пред враќањето во Мадрид: Не верувам дека работите се промениле на „Бернабеу“

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Алваро Мората како шпански капитен реши да ја напушти родната земја и да направи трансфер во Милан изминатово лето, но судбината посака доста брзо да се врати дома и да игра против Реал Мадрид.

Милан гостува на „Сантијаго Бернабеу“ во Лигата на шампионите и овој натпревар е на програмата утре, па сосема очекувано, Алваро направи мала најава за истиот во интервјуто за „АС“.

Мората не е омилен меѓу фановите на Реал поради тоа што направи трансфер во лутиот ривал Атлетико и поради фактот што ги славеше головите против „кралевите“, па искусниот напаѓач не очекува топол пречек на стадионот кој некогаш беше негов фудбалски дом.

– Мислам дека ќе го доживеам истото што го доживував како играч на Алтетико. Не верувам дека работите се промениле на „Бернабеу“. Свесен сум за тоа и очекувам да бидам исвиркуван и навредуван. Тоа за мене стана нормално, – вели Мората, кој верува дека Милан може да верува во изненадувања како она на Борусија минатата сезона.

– Во фудбалот ништо не може да се предвиди и секако дека Милан може да се врати највисоко во Европа. Минатата сезона никој не и даваше шанси на Борусија, а тие стигнаа до финалето и можеа и да победат ако имаа повеќе среќа. Убавината на Лигата на шампиони е тоа што сите имаат шанса, секоја година има тим кој е блиску до изненадување. Мора да веруваме во себе, ние играме за Милан и мора да имаме највисоки аспирации, – потенцира Мората.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни