Поврзете се со нас

Свет

Мората позираше со „црвено-жолт“ шал и доби посакуван пречек од фановите на новиот клуб (Видео)

Објавено

на

Алваро Мората денеска пристигна во Истанбул и ја започна новата етапа во кариерата, во која ќе го носи дресот на турскиот великан Галатасарај.

Шпанскиот напаѓач го напушти Милан по само една полусезона и без поголеми драми и долги преговори, реализираше трансфер во турското првенство, што ќе биде негово прво искуство надвор од лигите од големата европска петорка.

Мората бил пречекан во Истанбул од солиден број фанови на Галата, а со нив го реализираше и традиционалниот начин на навивање, со што официјално го најави својот престој во дресот со црвено-жолта боја.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мората официјално доаѓа како позајмен играч, но неговиот заем автоматски ќе биде продолжен и за следната сезона. Трансферот може да биде автоматски активиран со исполнување на одредени бројки кои веројатно нема да бидат проблем за Шпанецот.

Милан на овој начин се ослободи од фудбалерот со најголема плата и ослободи место за Сантијаго Хименез, кој треба да дојде од редовите на Феенорд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни