Поврзете се со нас

Италија

Мората постигна гол и имаше специјална прослава на „Сан Сиро“: Прекрасен момент (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Алваро Мората на почеток на месец септември соопшти дека минува низ тешки моменти во приватниот живот и дека се разделува со својата сопруга Алис Кампело, па затоа моменти како оние вчера се уште поспецијални за голгетерот.

Новиот напаѓач на Милан постигна гол против Лече и го најави блицкригот на домашниот тим, период во кој „росонерите“ успеаја да постигнат дури три погодоци.

Мората имаше специјален момент по постигнатиот гол за 1:0, бидејќи во прославата се вклучија и неговите деца кои беа во првиот ред зад рекламното пано.

– Тоа беше прекрасен момент за мене. Тие ми даваат сила да одам секој ден на тренинзи. Секој ден разбираат се повеќе за фудбалот и тие стануваат се поголеми фанови на оваа игра.

– Навистина беше посебен и уникатен момент да ги прегрнам во близина на аут линијата. Ова е прв специјален момент за мене во Милан, – изјави Мората.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни