Поврзете се со нас

Европски првенства

Мората: Ова може да биде мој последен турнир во репрезентацијата…

Објавено

на

Foto:twitter.com/SEFutbol

Алваро Морато веќе една деценија е сениорски репрезентативец на Шпанија, период во кој се има соочено со многу предизвици, но и критики, навреди кои можат да ги надминат сите граници.

Притисокот е огромен, па иако искуството го има научено да се носи со сите неубави работи тој едноставно не сака да трпи некои работи, па најави дека токму овој турнир во Германија може да биде негов последен во националниот дрес.

-Ништо не е невозможно во фудбалот. Би сакал да останам, но понекогаш ми е тешко поради силните критики во Шпанија. И сакам да го завршам овој турнир на најдобар можен начин бидејќи може да ми биде последен во репрезентативниот дрес.

-Можам да се збогувам по EП. Тоа е можност, но сега не би зборувал премногу за тоа, -истакна Алваро кој со ова најави повлекување од репрезентацијата иако има само 31 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни