Поврзете се со нас

Италија

Мората: Ова ќе биде одлично патување, кога сте на место…

Објавено

на

Шпанскиот напаѓач, Алваро Мората по вторпат во неговата кариера ќе го носи дресот на италијанскиот шампион Јувентус.

Тој во периодот од 2014 до 2016 мина две одлични години во Торино за да сега добие можност одново да заигра за „бјанконерите“, предизвик кој го прифати и се надева ќе биде успешен во најмала рака како во првиот мандат.

-Одлично е чувството што повторно сум тука. Отсекогаш сум се чувствувал приврзан и сум среќен што сум овде. Едвај чекам да бидам со моите соиграчи. Првата ера беше одлична, но сега сум убеден дека сум подобар играч и дека пораснав во многу аспекти од мојот живот. Сигурен сум дека ова ќе биде уште едно одлично патување, -истакна Мората и додаде:

-Јас секогаш ќе бидам подготвен за Јувентус. Ова е одличен клуб и семејство. Кога сте на место на кое се чувствува како дома, секогаш постои желба да се вратите, -пораша Шпанецот за „Јувентус ТВ“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни