Поврзете се со нас

Европски првенства

Мората обелодени дали ќе биде подготвен за финалето во Берлин по судирот со редарот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Алваро Мората доби непријатен удар од редарот и беше жртва на лизгачки старт по крајот на мечот, поради што шпанските лекари морале да направат детални прегледи на неговото колено.

Капитенот на шпанската фудбалска репрезентација подлегнал на тестови и во прв момент имаше и вести дека може да го пропушти финалето, но најновите информации кои пристигнуваат од Германија се целосно поинакви.

Шпанските новинари кои се стационирани во Германија успеаја да изнудат краток одговор од напаѓачот, кој реши на шеговит начин да потврди дека ќе биде подготвен за финалето кое се игра во недела.

– Добар сум, добар…… Жолт картон за редарот и тоа е тоа. Нема ништо друго, – изјавил Мората.

Шпанија вчера со победа над Франција го завери првиот билет за финалето во Берлин, а вечерва ќе го дознаеме вториот патник од полуфиналето меѓу Англија и Холандија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни