Мората му одржа лекција на Трипие со маестрален гест и ги воодушеви фановите на Атлетико (Видео)

morata-tripie

Алваро Мората беше стрелец на единствениот гол кој го постигна Атлетико Мадрид во победата од 1:0 над Хетафе, а асистент на истиот беше англискиот репрезентативец Киран Трипие.

Покрај тоа што овие двајца беа главни актери во најважната акција на натпреварот, исто така се погрижија и за најинтересната сцена надвор од фудбалските случувања, бидејќи шпанскиот напаѓач му одржа лекција на Трипие за вредностите на Атлетико уште на првиот меч на „Ванда Метрополитано“.

Легендарниот Луис Арагонес своевремено даде незаборавна изрека дека никогаш не смее да се згазне грбот на Атлетико, а вчера Мората во последен момент го спречи Трипие да го направи тоа додека се упатуваше кон тунелот, потег со кој покрај тоа што му одржа лекција на новиот соиграч, ги воодушеви и фановите на клубот од шпанската престолнина.

Facebook Коментари