Поврзете се со нас

Италија

Мората мора да мирува: Познато колку време сигурно ќе биде надвор од теренот

Објавено

на

Своето деби во Милано, Алваро Мората го одбележа со гол на саботното реми со Торино (2:2), а како што беше потврдено во вторникот, ќе отсуствува неколку недели поради повредата со која се здоби пред тој натпревар.

Како што пишува Џанлука ди Марцио ова утро, Мората се очекува да биде надвор од терените најмалку три недели, можеби и повеќе.

Станува збор за обновена мускулна повреда. Според Ди Марцио, Мората се повредил во петокот и затоа Шпанецот не бил стартер, но влегол во игра на средината на вториот дел.

Извесно е дека Мората ќе ги пропушти дуелите со Парма и Лацио, а дали ќе мора да отсуствува подолго од тоа, останува да видиме.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни